Албанскиот парламент доцна попладнево ги усвои измените во составот на владата на премиерот Еди Рама.
Со разрешувањето на вицепремиерот и министер за обнова Арбен Ахметај, на негово место е избрана Белинда Балуку, досегашна министерка за инфраструктура и енергетика.
Сменет е и досегашниот главен преговарач за евроинтеграции Зеф Мази а на негово место е назначена Мајлинда Дука, која до сега беше директорка на секторот за развојни политики и странска финансиска помош во владата.
Претходно уредба за разрешување и наименување на новите министри потпиша претседателот Бајрам Бегај.
Инаку, барањето за дебата на парламентарната група на опозициската Демократска партија, во врска со смената во владата, претседателката на законодавниот дом Линдита Никола не го дозволи тоа.