Албанската полиција уништи околу 25 илјади стебла марихуана во атарот на Велипоја
Во рамки на мега-операцијата „чиста територија” во која учествувале 700 полициски службеници, во северниот дел на Албанија, во атарот на Велипоја уништени се околу 25 илјади стебла марихуана.
Осомничени, како одгледувачи на ова растение, се тројца браќа на возраст од 30 до 36 години жители на село Рјол, по кои се трага. Исто така двајца вработени во Електродистрибуција се товарат за злоупотреба на службената положба.
Во реакција на Фејсбук, министерот за внатешни работи Таулант Бала, ја поздрави акцијата давајќи и поддршка на полицијата одлучно да продолжи во борбата против производството на ова наркотични растение.
– Државната полиција ја контролира целата територија на државата, со цел откривање и сузбивање на обидите за одгледување наркотични растенија. Освен на терен, од неодамна, контрола се врши и со дронови, напиша Бала, објавувајќи видео од акцијата.
И покрај зајакнатите мерки и засилените контроли во земјата сеуште на големо се одгледува марихуаната, сега главно во планинските предели.
Според полицијата, само во текот на минатиот и изминатите денови од овој месец откриени и уништени се над 80 илјади стебла марихуана.