Албанската опозиција најавува протести ако не го добие празното место во ДИК.
Вчера и Мицкоски порача дека неговата партија размислува да ги повлече своите членови од ДИК ако кадарот на албанската опозиција не го добие седмото столче. Два предлози меѓу кои и оној на албанската опозиција веќе неколку дена чекаат двотретинско мнозинство а утрово и премиерот му порача на Собранието да ја заврши работата
Ковачевски и денеска повтори дека планира без медиуми да се сретне со Мицкоски за да договорат техничка влада без да го прецизира терминот. Во ВМРО-ДПМНЕ официјално се уште нема одлука за учество во техничката влада иако партиски извори тврдат дека тоа е веќе завршена работа која се очекува да ја официјализираат партиските тела кои треба да заседаваат до крајот на оваа или на почетокот на идната недела.