
Албанската опозиција сепак ќе учествува во работата на Парламентот, иако не ги признава изборите
- Лично мислам дека во оваа диктатура не треба да оставиме ниту еден празен простор од кој не се бориме против неа. Ако има едно фундаментално нешто што се бара од секој од нас, тоа е позицијата за тоа како ќе се промениме во однос на наркодиктатурата, организацијата што ја узурпираше власта. Не ги признаваме изборите, но ќе одиме во Парламент, изјави Бериша.
Лидерот на најголемата албанска опозициска Демократска партија, Сали Бериша изјави дека бојкотирањето на парламентарниот живот не е опција за неговата партија.
Иако ги нарекува изборите, спроведени на 11 мај изборна фарса, не ги признава резултатите, Бериша посочи дека дека не може да има „отсуство“ во Собранието.
– Лично мислам дека во оваа диктатура не треба да оставиме ниту еден празен простор од кој не се бориме против неа. Ако има едно фундаментално нешто што се бара од секој од нас, тоа е позицијата за тоа како ќе се промениме во однос на наркодиктатурата, организацијата што ја узурпираше власта. Не ги признаваме изборите, но ќе одиме во Парламент, изјави Бериша.
Секој може да каже дека направив што можев, додаде и нагласи дека „не, никој не направил што можеше затоа продолжуваме“.
– Потребна е промена во изборната фарса, потребна е нова енергија, сила и нови форми. Не е подобро да не влезеш во Парламентот, туку да си таму и да се бориш. Во диктатура, мора да му се заблагодариш на Бога што ти даде можност да се бориш против неа, наведе Бериша.
Опозициската изборна коалиција „За величествена Албанија“ предводена од Демократската партија освои 50 мандати, од вкупно 140 пратенички места во Парламентот.
Со уредбата потпишана од шефот на албанската држава, Бајрам Бегај, конститутивната седница на новиот албански Парламент ќе се одржи во петок, на 12 септември.