
Албанската опозиција поднесе барање за разрешување на претседателот Бајрам Бега
-Барањето е детално образложено и убедени сме дека претседателот Бегај повеќе не може да продолжи на оваа позиција „де јуре“, изјави Барди.
Координаторот на пратеничката група на Демократската партија, Газмент Барди, изјави дека во име на опозицијата доставиле барање до парламентот за покренување постапка за разрешување на шефот на државата, Бајрам Бегај.
Барди го обвини Бегај за „сериозни и континуирани кршења на Уставот“, истакнувајќи дека барањето се заснова на обемен материјал што документира седум важни непочитувања на Уставот, кои според опозицијата сериозно го нарушуваат уставниот поредок.
-Барањето е детално образложено и убедени сме дека претседателот Бегај повеќе не може да продолжи на оваа позиција „де јуре“, изјави Барди.
Коментурајќи го ова прашање, координаторот на пратеничката група на Социјалистичката партија, Таулант Бала, категорично се спротивстави на иницијативата, сметајќи ја за “неуспешен обид за отстранување на претседателот од функцијата”.
Тој додаде дека претседателот Бегај не сторил никаков прекршок и барањето за разрешување ќе биде одбиено од Парламентот.
Бегај (58), довербата да биде шеф на државата, од парламентот, ја доби на 4 јуни 2022 година, со петгодишен мандат.