Албанската опозиција не отстапува од своето место во Државната изборна комисија. Откако лидерот на БЕСА најави и протести, а ГАШИ напуштање на Собранието и негова блокада, денеска и предводникот на Демократското движење Меџити вели дека избори со 6-члена изборна комисија ќе бидат нелегитимни.
Ако албанската опозиција не го добие 7-то столче во ДИК, Мицкоски на почетокот на неделава најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги повлече своите членови и ќе остане надвор од државната комисија. Владејачката СДСМ пак вели да почекаме да заврши законската постапка во Собранието.
Пред 10тина дена собрансиката комисија за избор и именувања по жестока расправа ја утврди листата на кандидати за член на ДИК, која треба да се најде и на пленарна седница каде за избор е потребно дво третинско мнозинство.