Вчера во 19 часот и 10 минути на службен разговор во СВР Тетово била повикана 28-годишната Е.В. од Република Албанија со престој во Тетово.
Таа во 17 часот и 20 минути била пријавена од 29-годишната тетовка С.И. дека околу 15 часот во близина на тетовско основно училиште физички ја нападнала и ѝ се заканила со остар предмет.
Според пријавеното, Е.В. во појасот имала и оружје.
Од СВР Тетово преземаат мерки и активности за расчистување и документирање на случајот.