Албанија ќе реновира 745.000 станбени згради за зајакнување на енергетската ефикасност

Заменичката министерка за инфраструктура и енергетика, Енкелејда Мучај, објасни пред парламентарната комисија дека Предлог-законот поставува нови услови за градба, промовирајќи згради со нулта емисии и придонесувајќи за спроведување на националните климатски и енергетски цели на Албанија. Овие услови ќе важат и за изградба на нови згради и за реновирање на старите.

Албанската парламентарна комисија за економија и финансии даде зелено светло за Предлог-закон за енергетска ефикасност во станбените згради, кој предвидува реновирање на 745.000 објекти, јави Албанската радиотелевизија.

Целта е да се постигнат нула емисии од станбениот фонд во Албанија до 2050 година.

Зградите планирани за реновирање се протегаат на површина од 60 милиони квадратни метри.

Заменичката министерка за инфраструктура и енергетика, Енкелејда Мучај, објасни пред парламентарната комисија дека Предлог-законот поставува нови услови за градба, промовирајќи згради со нулта емисии и придонесувајќи за спроведување на националните климатски и енергетски цели на Албанија. Овие услови ќе важат и за изградба на нови згради и за реновирање на старите.

Според неа законот е во согласност со националните цели и ангажирање на Албанија во рамки на процесот на интеграција во Европската унија.