Албанскиот премиер Еди Рама денеска изјави дека социјалната мрежа TikTok, во сопственост на кинеската групација BiteDance, ќе биде затворена во земјата најмалку една година, почнувајќи од почетокот на 2025 година.
„ТикТок е како маалски силеџија“, рече Рама на состанокот во Тирана со наставници, родители и психолози Албанци.
Рама додаде дека TikTok ќе биде затворен една година и дека во тој период ќе се спроведуваат програми кои ќе служат за „едуцирање на учениците и помош на родителите да го следат напредокот на нивните деца“.