„Албанија треба да гледа на Србија со очите на Косово“

Поранешниот министер за надворешни работи на Албанија, Дитмир Бушати, изјави дека 24 септември е врв на тензијата, не само во односите меѓу Србија и Косово, туку и во контекст на безбедноста.

– Оваа последна епизода на агресија кон северот на Косово не треба да не чуди, бидејќи знаеме дека Србија не се откажа од негативните акции кон Косово – рече Бушати.

Според него, приоритет треба да биде безбедноста.

– Мислам дека овде не се работи само со неможноста на Европската унија да посредува во надминување на конфликтот меѓу Србија и Косово, кој ја има својата генеза во се уште незавршениот процес на распадот на поранешна Југославија, туку сме во услови каде безбедноста има приоритет пред нормализацијата – рече тој.

Бушати изјави дека е погрешен пристап на Европската унија да назначи специјален претставник кој ќе го претставува дијалогот меѓу Косово и Србија.

Тој посочува дека „Албанија треба да ја гледа Србија низ очите на Косово“, додека Косово да ја гледа Албанија како прва врата на која треба да тропне.