
Албанија, со помош на ЕУ, ќе набави повеќенаменски оклопни возила
- Европска Унија, преку Европскиот мировен фонд, создаден во март 2021 година, кој има за цел да ги зајакне одбранбените капацитети на земјите-партнери, како и да ја зголеми регионалната и глобалната безбедност, ја поддржа Албанија со два пакета помош со вкупна вредност од 28 милиони евра, соопшти албанското Министерство за одбрана.
Албанската армија првпат ќе биде опремена со лесни повеќенаменски возила „ЛМВ2“, произведени од Iveco Defence Vehicles, воената дивизија на италијанската компанија „Ивеко“.
– Европска Унија, преку Европскиот мировен фонд, создаден во март 2021 година, кој има за цел да ги зајакне одбранбените капацитети на земјите-партнери, како и да ја зголеми регионалната и глобалната безбедност, ја поддржа Албанија со два пакета помош со вкупна вредност од 28 милиони евра, соопшти албанското Министерство за одбрана.
Одобрените проекти ќе ја поддржат модернизацијата на вооружените сили на Република Албанија.
Првиот пакет помош, одобрен во јули 2024 година, предвидува опремување со дваесеттина оклопни возила во вредност од 13 милиони евра, кои треба да стигнат во земјата на почетокот на следната година. Додека вториот пакет, неодамна одобрен, во вредност од 15 милиони евра, ќе ги опреми албанските вооружени сили со мултифункционални транспортни и инженерски возила, со двојна намена и за поддршка на операциите на ЕУ и за справување со цивилни вонредни состојби во земјата и регионот. Целиот овој процес, од буџетска, набавка и процедурална гледна точка, го водат и го следат структурите на ЕУ.
Албанското МО посочи дека новата помош го одразува напредокот на стратешките односи помеѓу ЕУ и Албанија, консолидирани по потпишувањето на Партнерството за безбедност и одбрана во декември 2024 година и започнувањето на првиот дијалог за безбедност и одбрана во април 2025 година.
– Стратешки гледано, снабдувањето со ЛМВ2 не само што ја зголемува подготвеноста и оперативните способности на вооружените сили, туку го зајакнува и партнерството на Албанија со НАТО, ЕУ и Италија, придонесувајќи за безбедноста и стабилноста на балканскиот регион, се наведува во соопштението.
ЛМВ2 ја претставува најновата генерација на успешниот модел ЛМВ, кој веќе е широко користен од армиите на НАТО.