Албанија преговара Израел да започне со производство на хаубици и дронови во нивната земја

Според министерот за одбрана на Албанија, Пиро Венгу, во тек се преговори за странски инвестиции во производствени линии за тешка артилерија, лесно оружје, муниција, оклопни возила и воени униформи.

Во април оваа година, израелската компанија „Елбит Системс“ потпиша меморандум за соработка со албанската влада, според кој треба да започне производството на хаубици и дронови во Албанија.

Според министерот за одбрана на Албанија, Пиро Венгу, во тек се преговори за странски инвестиции во производствени линии за тешка артилерија, лесно оружје, муниција, оклопни возила и воени униформи.

Владата на Албанија доби изрази на интерес од 25 странски инвеститори, вклучувајќи компании со седиште во Соединетите Американски Држави и Израел.

Една од нив е израелската компанија „Елбит Системс“, која потпиша меморандум за соработка со албанските власти во април оваа година. Според албанските медиуми, „Елбит Системс“ ќе се занимава со склопување на дронови во Албанија, како и со производство на лесно оружје и тешка артилерија во поранешната фабрика за бакар во Рубик, која ќе се трансформира во еден од главните центри за воено производство.

Покрај израелските компании, интерес покажаа и најголемите американски воени компании, од кои се издвојува гигантот на американската воена индустрија, „Локид Мартин“.

Албанија очекува испорака на нарачаните противоклопни ракети „Џавелин“ веќе во 2022 година, а самата корпорација „Локид Мартин“ има подизведувачи кои учествуваат во развојот на овој систем.

Албанските медиуми шпекулираат дека токму оваа нарачка би можела да биде еден од клучните фактори што би можеле да предизвикаат американската воена индустрија да премести дел од своето производство во Албанија.