Албанија отвора уште еден кластер во преговорите за пристапување кон ЕУ

Албанија аплицираше за членство во ЕУ во 2009 година, доби статус на кандидат во 2014 година, а првата меѓувладина конференција меѓу Европската Унија и Албанија се одржа во 2022 година.

Албанија ќе го отвори Кластерот 4 на шестата конференција за пристапување кон ЕУ на 16 септември, објави Советот на ЕУ.

Кластерот 4 – Зелена агенда и одржлива поврзаност, ги вклучува поглавјата 14 (транспортна политика), 15 (енергија), 21 (трансевропски мрежи) и 27 (животната средина и климатските промени).

Од октомври 2024 година до мај оваа година, Албанија отвори четири кластери – 1 (фундаментални), 2 (внатрешен пазар), 3 (конкурентност и инклузивен раст) и 6 (надворешна политика).

Ова значи дека за само осум месеци отвори 27 поглавја од преговорите.

Единствениот кластер што остана неотворен е Кластерот 5, кој се занимава со ресурси, земјоделство и кохезија.

Албанија аплицираше за членство во ЕУ во 2009 година, доби статус на кандидат во 2014 година, а првата меѓувладина конференција меѓу Европската Унија и Албанија се одржа во 2022 година.