
Албанија го отвори кластерот за внатрешниот пазар во пристапните преговори со ЕУ
Албански медиуми јавија дека еврокомесарката за проширување Марта Кос на прес-конференција синоќа изјави дека планот е до крајот на годинава да се отворат сите кластери, а следната година да се започне со затворање на поглавјата.
Албанија синоќа отвори кластер за внатрешниот пазар во пристапните преговори со Европската Унија.
На четвртата меѓувладина конференција Албанија-ЕУ беше отворен кластерот 2, што ги опфаќа поглавјата 1 (слобода на движење на стоки), 2 (слобода на движење на работници), 3 (право на деловно престојувалиште и слобода на давање услуги), 4 (слобода на движење на капитал), 6 (право на комерцијални компании), 7 (законот на комерцијални компании), 7 (интелектуална сопственост), 2 (заштита на потрошувачите и здравјето).
Албански медиуми јавија дека еврокомесарката за проширување Марта Кос на прес-конференција синоќа изјави дека планот е до крајот на годинава да се отворат сите кластери, а следната година да се започне со затворање на поглавјата.
– Додека царините и протекционизмот се враќаат во другите делови на светот, ние ги уриваме бариерите за трговија, рече Кос, додавајќи дека тоа ќе значи повеќе економски можности за компаниите во Албанија и ЕУ и повеќе просперитет за сите.
Албанија го отвори кластерот 6 (надворешни односи) во декември 2024 година и кластерот 1 (фундаменталните елементи) во октомври истата година.
Премиерот Еди Рама кој ја предводеше албанската делегација на овие разговори, составена од министри, заменици министри и раководители на сектори за соодветните поглавја, на социјалните мрежи доцна синоќа напиша: „Горд на Албанија“ објавувајќи фотографија на која е заедно со Кос и делегацијата, на која е очигледна радоста на сите.
Албанија аплицираше за членство во ЕУ во 2009 година, доби кандидатски статус во 2014 година, а првата меѓувладина конференција ЕУ-Албанија беше одржана во 2022 година.