
Албанија ги отвора сите поглавја од преговорите со ЕУ во јуни
„Секогаш инсистирам процесот на проширување да се базира на заслуги, но сега имаме компромис што ќе овозможи конечно да се реализира „бракот“ на Албанија со Европа. Отворањето на последните поглавја ќе се случи во јуни, со што ќе се отворат сите. Следниот чекор ќе биде затворањето на поглавјата – процес кој е подеднакво важен како и отворањето“, рече Кос.
Зборувајќи на конференцијата на Центарот за европски студии, Марта Кос нагласи дека е постигнат договор со албанскиот премиер Еди Рама и дека европските институции се подготвени конкретно да ја забрзаат интеграцијата на Албанија.
Во јуни, Европската Унија ги отвора сите преговарачки поглавја со Албанија, што претставува клучен чекор кон членството на земјата во европската заедница. Оваа вест од Брисел ја потврди и комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, најавувајќи пресвртница во процесот на европска интеграција на Западен Балкан.
Зборувајќи на конференцијата на Центарот за европски студии, Кос нагласи дека е постигнат договор со албанскиот премиер Еди Рама и дека европските институции се подготвени конкретно да ја забрзаат интеграцијата на Албанија.
„Секогаш инсистирам процесот на проширување да се базира на заслуги, но сега имаме компромис што ќе овозможи конечно да се реализира „бракот“ на Албанија со Европа. Отворањето на последните поглавја ќе се случи во јуни, со што ќе се отворат сите. Следниот чекор ќе биде затворањето на поглавјата – процес кој е подеднакво важен како и отворањето“, рече Кос.
Комесарот особено ги пофали напорите што Албанија ги вложува во реформите, нагласувајќи го ангажманот и на политичките структури и на граѓаните.
„Албанија е пример за тоа како целото општество може да се мобилизира околу европските реформи. Нивните напори се пофални и затоа заслужуваат да бидат истакнати во овој процес“, заклучи Кос.
Отворањето на сите поглавја означува нова фаза во преговорите меѓу Албанија и ЕУ и испраќа силна порака до целиот регион за решеноста на Унијата да го задржи проширувањето како еден од своите клучни стратешки приоритети.
Отворен е „Кластер 3“
Во мај, Европската Унија и Албанија отворија нова фаза од преговорите за пристапување, која се однесува на таканаречениот кластер 3 – „Конкурентност и инклузивен раст“. Оваа фаза од преговорите е дел од пошироката стратегија за проширување на ЕУ, а нејзината цел е земјите-кандидатки постепено да го усогласат своето законодавство и стандарди со оние на ЕУ.
Кластер 3 вклучува неколку важни области: економска и монетарна политика, социјална политика и вработување, образование, истражување и иновации, како и претприемништво и индустриска политика.
Отворањето на овој кластер значи дека ЕУ смета дека Албанија постигнала доволен напредок за да може да премине на подлабоки и поконкретни дискусии за реформите во овие сектори.
Поточно, Кластер 3 го вклучува преговарачкото поглавје 10 – дигитална трансформација и медиуми, 16 – оданочување, 17 – економска и монетарна политика, 19 – социјална политика и вработување, 20 – претприемачка и индустриска политика, 25 – наука и истражување, 26 – образование и култура и 29 – Царинска унија.