
Албанец во кутија се обидел да влезе во Британија
Тинејџер Албанец (17), чиј идентитет не се соопштува, е уапсен откако се обидел илегално да влезе во Велика Британија во детски ковчег
Тој бил пронајден при рутинска проверка на комбето, а кога полицијата го отворила запечатениот ковчег го нашла завиткан.
Француските цариници изјавија дека тинејџерот им рекол дека на шверцерите за преминот платил 9.000 фунти (околу 10.100 евра).
„Влегов во багажник на пумпа на автопат на северот на Франција и потоа ме измамија. Мислам дека бев таму околу еден час“, рекол тој пред судот, пренесува Daily Mail.
Возачот, по потекло од Романија, тврдел дека не знаел дека во комбето имало човек.
Оттогаш тој се изјасни за виновен и мораше да плати отштета од 4.000 фунти (околу 5.000 евра).