Акција на МВР поврзана со производство и дистрибуција на детска порнографија, претреси на седум локации
Според неофицијалните информации, едно од лицата кај кого се врши претрес наводно е претседател на бугарско здржение и водител на подкаст и се поврзува со претседателот на бугарската фондација „Македонија“ кој има забрана за влез во Македонија.
Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност и Министерството за внатрешни работи спроведува координирана акција за сузбивање на детска порнографија. Претреси се вршат на седум локации, а се очекува да бидат одземени компјутерски уреди и податоци кои ќе служат како доказ во понатамошната постапка.