Во Белград е во тек операција за апсење на осомничени за трговија со луѓе, дознава Танјуг.
Акцијата ја спроведуваат припадници на МУП и на белградското Вишо јавно обвинителство.
Во тек е претрес на повеќе локации во главниот град и заплена на компјутерска опрема.
Трговијата со луѓе е една од најголемите и најпрофитабилните глобални криминални активности, заедно со дрога, оружје и перење пари.