Акциите на водечките компании на Македонска берза во „црвено“

Денешните најтргувани акции на берзата сите забележаа пад. Меѓу нив, најтргувана беше акцијата на Комерцијална банка.

Индексот на Македонската берза МБИ10 денеска забележа пад од 3,8 отсто, како индиректна реакција на воведувањето на царините на американскиот претседател Доналд Трамп и падот на светските берзи што следуваше во деновите потоа.

Денешните најтргувани акции на берзата сите забележаа пад. Меѓу нив, најтргувана беше акцијата на Комерцијална банка, која забележа пад од 5,6 отсто, а со неа се тргуваше во вредност од 14,6 милиони денари или нешто повеќе од 230.000 евра.

Втора според обем на тргување беше акцијата на Алкалоид, која забележа пад од 4,4 отсто а беше тргувана во вредност од 9,8 милиони денари или 160.000 евра.

Меѓу најтргуваните акции беше и акцијата на Макпетрол чија вредност падна за 5,8 отсто, а беше тргувана за нешто помалку од 3 милиони денари или 48.000 евра.