
Акцизите за дизелот ќе се намалат за 4 денари, на бензините за 2, Мицкоски најави вонредна седница
Премиерот Христијан Мицкоски, денеска од општина Илинден, одговарајќи на новинарски прашања за горивата, рече дека се исполнети се условите да се намалат акцизите за дизелот за 4 денари, а на бензините за 2 два денара по литар.
Премиерот Христијан Мицкоски, денеска од општина Илинден, одговарајќи на новинарски прашања за горивата, рече дека се исполнети се условите да се намалат акцизите за дизелот за 4 денари, а на бензините за 2 два денара по литар.
За утре во 11 часот веќе е закажана седница на Владата за донесување на мерки за заштита од поскапувањето на горивата.
-Берзата за нафтата се затвори во четвртокот заради велигденските празници и нашите калкулации покажуваат дека дизелот требаше да поскапи некаде околу 7 денари, а бензините 1,5 до два денара. Со промената на акцизите претпоставувам дека цената на дизелот во понеделник ќе се коригира за околу 3 денари. Имајќи предвид дека полека но сигурно истекува попустот што го дава Окта од 3 денари за дизелот ќе ги обновиме разговорите со нив за да видиме дали ќе го продолжат попустот и понатаму.
Доколку го продолжат понатаму ќе нема зголемување за дизелот од максималната цена што ја утврдува Регулаторната комисија за енергетика. За бензините значи дека ќе поевтинат околу половина денар и доколку Окта го продолжи попустот од два денара за литар тоа значи дека ќе имаме повторно намалување за 2,5 денари на цената на бензините, изјави Мицкоски и додаде дека секако тоа ќе се одрази на Буџетот.
Намалената акцииза, како што рече, ќе влијае со десетици милиони евра на Буџетот, но додаде дека во Буџетот има доволно средства заради домаќинското работење.
Најави дека за уште две недели ќе продолжи и мерката за намалено ДДВ за горивата од 10 проценти, а за понатаму, како што кажа, ќе се следи состојбата и ќе се реагира навреме.