Активни се пожарите во неготинско Калањево и росоманско Сирково, потврдија од Центарот за управување со кризи.
Кај Калањево горат ниско стеблеста шума и грмушки, а, како што информира градоначалникот на Росоман, Стојан Николов, од вчерашната локација кај Сирково, огнот се префрлил во близина на селото Мрзен.
Пожарот во неготинско почна минатата среда околу 10.30 часот, а кај Сирково вчера околу пладне. И на двете места, гаснењето вклучуваше гаснење од земја и од воздух.