Ако Филипче, Фрчкоски и Жерновски пронајдат еден мигрант од Британија, трајно ќе ја напуштам политиката – порача премиерот
Оставам простор до пролет, Венко Филипче, заедно со професорот Фрчкоски и Андреј Жерновски да бараат мигранти низ Македонија кои што е дел од Договорот со Велика Британија. Ако најдат еден, јас трајно ја напуштам политиката.

-Во спротивно, тие да ми се извинат на мене и на граѓаните, што шират паника без потреба. Бидејќи тој ја спомна пролетта и сме сакале предвремени избори, па не споредуваше со соседни земји, јас велам тројцата нека шетаат и ако најдат барем еден од договорите со Велика Британија, јас сум подготвен трајно да ја напуштам политиката, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски за наводните центри за мигранти за кои британските медиуми објавија дека Македонија ги планира на своја територија.
Мицкоски додаде дека „поради вакви лажни вести, главниот уредник на Би-Би-Си си поднесе оставка“.
Премиерот додаде дека по однос на обвинувањата дека има дупка во Буџетот, веќе влегле 10 милијарди денари приходи во првите денови од декември. Вели дека Буџетот е во одлична кондиција, а инфлацијата е помала на годишно ниво во споредба со лани.