„Ако Кирил Петков го смени ставот за ветото за Скопје, можеби нема да биде веќе премиер“.
Ова денеска го изјави Георги Свиленски од Бугарската социјалистичка партија (БСП), партија дел од владината коалиција.
„Доколку премиерот одлучи да направи нешто на своја рака, јасно е каков е исходот. Едноставно тој повторно нема да биде премиер. Нашиот став е конзистентен – Република Северна Македонија може да го продолжи својот пат кон Европската Унија по исполнувањето на договорот и декларацијата од 44-то Народно собрание. Оваа позиција е дел од коалицискиот договор. Јасно се договоривме кои услови Северна Македонија треба да ги исполни за да продолжи процесот на пристапување“ – порача Свиленски.
Тој потенцираше дека „тоа е црвената линија за сите бугарски граѓани. општеството на оваа тема е обединето“.