Претседателот на партијата Демократски сојуз на Косово, Љумир Абдиџику по првиот круг од претседателските избори во Македонија рече дека косовскиот премиер Албин Курти е виновен за неуспехот на Албанците.
Според него, ако Албанците од Македонија беа обединети, со еден кандидат на претседателските избори, сега ќе учествуваа во вториот круг на изборите на 8 мај.
„Тоа би бил историски резултат, но Албанците беа поделени“, напиша тој на Фејсбук.
Абдиџику смета дека Косово треба да се врати на „политиката на сеалбанско обединување“.
„Во оваа поделба, популистичкиот премиер на Косово и целиот негов владин апарат станаа активни актери. Од кабинетот на премиерот на Косово, републичките институции наместо да се обединат, го направија тоа што многу добро го знаат – да разделат! Водеа кампања, правеа пропаганда, сквернавеа еден кандидат, но на крајот заврши со катастрофален резултат“, смета Абдиџику.