„Аида“ од Џузепе Верди ќе ги затвори „Мајските оперски вечери“
Операта „Аида“ од Џузепе Верди вечер традиционално ќе го затвори 53.издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“. Како што најавија од Националната опера и балет (НОБ), спојот на традицијата со визуелната иновација, преточена преку футуристичката виртуелна сценографија ќе ја одведат публиката на патување низ древниот Египет раскажувајќи приказна за љубовта.

„Аида“ ќе се изведе под диригентската палка на гостинката од Италија, Џана Фрата. Во продукција на театарот „Карло Феличе“ од Џенова, Италија, претставата на сцената на Националната опера и балет ја пренесе и адаптира Дејан Прошев. Кореографијата е на Луиза Балдинети (Италија), концерт-мајстор е Верица Ламбевска, а хор-мајстор: Ѓурѓица Дашиќ.
Во насловната улога (Aида) ќе настапи, Дарија Мазиеро (Италија), во улогата на Радамес ќе настапи, Џејмс Ли (Јужна Кореја), во улогата на Амнерис, Ненси Фабиола Херера (Шпанија), улогата на Рамфис ќе ја толкува Игор Дурловски, Фараон е Владимир Саздовски, Амонасро, Mарјан Јованоски, Главна свештеничка: Александра Лазаревска Василевски, Гласник: Никола Стојчевски, балетски солист: Илијана Данилов, заедно со хорот, оркестарот и машкиот балетски ансамбл на Национална опера и балет.
-Поставена во древниот Египет, операта спојува интимна човечка драма со величествени хорови, балетски сцени и моќна оркестрација, се вели во соопштението на Националната опера и балет.