
Аеродромци преку Манифест бараат прогласување на вонредна состојба во Скопје, во спротивно најавуваат граѓанска непослушност
Групата „СТОП за смрдеата во АЕРОДРОМ и ЛИСИЧЕ – „ВОЗДУХ СЕГА!“ повикаа на итни мерки против загадувањето предизвикано од пожарите на депониите Дрисла и Вардариште, како и пожарот во Трубарево.
Групата „СТОП за смрдеата во АЕРОДРОМ и ЛИСИЧЕ – „ВОЗДУХ СЕГА!“ повикаа на итни мерки против загадувањето предизвикано од пожарите на депониите Дрисла и Вардариште, како и пожарот во Трубарево.
„Излегување на токсичен воздух, па уште заедно со децата нема да ги вразуми и преку ноќ да почнат да работат правилно. Бојкот е лекот! Не протести за замена на фотељи со нови лажни ветувања!“, велат граѓаните од овие населби и ги истакнаа своите барања преку „МАНИФЕСТ ЗА ЧИСТ ВОЗДУХ“.
Ние, граѓаните на Скопје – населба Аеродром, Лисиче и поширокиот регион – обединети повикуваме на итни мерки против загадувањето предизвикано од пожарите на депониите Дрисла и Вардариште, како и пожарот во Трубарево.