
Аеродромци бараат 24-часовно обезбедување и видео надзор во Вардариште
„Нема да се откажеме од основното човеково право – чист воздух – и покрај игнорантскиот однос од институциите“, порачаа учесниците и најавија дека ќе се собираат секој ден од 18 часот, се додека надлежните не започнат сериозни акции за контрола и расчистување на депониите. На секојдневните протести има возрасни, стари и деца. Сите со една порака – заслужуваме чист воздух!
Видео надзор во Вардариште и 24 часовно физичко обезбедување на депонијата – се новите барања упатени до институциите од денешниот протест организиран од граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“.
„Нема да се откажеме од основното човеково право – чист воздух – и покрај игнорантскиот однос од институциите“, порачаа учесниците и најавија дека ќе се собираат секој ден од 18 часот, се додека надлежните не започнат сериозни акции за контрола и расчистување на депониите.
Жителите на Аеродром и околните населби се гневни, особено по пожарот на Вардариште, кој со денови ги труеше. Од тогаш и Дрисла се запали, а потоа и пожарот во погонот за електронски отпад во Трубарево.
Властите презедоа ситни мерки, како поставено обезбедување на Вардариште и поголема контрола на Дрисла, но аеродромци бараат поголема ефикасност на властите и тоа пред избори.
На секојдневните протести има возрасни, стари и деца. Сите со една порака – заслужуваме чист воздух!
Преземено од Независен