Аеродромот во Брисел затворен за сообраќај поради забележан дрон

Бриселскиот меѓународен аеродром „Зевентем“ вечерва е затворен за сообраќај поради безбедносни причини, соопшти белгиската Контрола на воздушниот сообраќај.

Бриселскиот меѓународен аеродром „Зевентем“ вечерва е затворен за сообраќај поради безбедносни причини, соопшти белгиската Контрола на воздушниот сообраќај.

Според белгиските медиуми, авионскиот сообраќај на бил запрен нешто пред 20 часот, откако бил забележан дрон над аеродромот.

– Од безбедносни причини, целиот воздушен сообраќај е привремено запрен, изјави портпаролот на Контролата на воздушниот сообраќај, Курт Вервилиген.

Сите полетувања се одложени, а авионите кои требало да слетаат на „Зевентем“ се пренасочуваат кон белгиските аеродроми „Остенде-Бриж“ и „Шарлероа-Јужен Брисел“ или во Ајндховен во Холандија или Лил во Франција.