АД МЕПСО информира дека според регистрираното на броилата на кои се бележи испорачаната електрична енергија од електропреносниот систем, МЖ Транспорт во последниве денови, преземал одредени количини електрична енергија од преносната мрежа.
Преземените количини прават дисбаланс во системот, но тие количини се мали за да бидат окарактеризирани како загрозувачки за работењето на елепреносниот систем.
Од АД МЕПСО најавуваат дека ќе преземат соодветни чекори за неовластеното преземање електрична енергија од страна на МЖ Транспорт.