Поради најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи на РСМ за нагло опаѓање на надворешните температури, Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе нова одлука, за испорака на топлинска енергија.
Согласно одлуката, денес 17.4.2023 во попладневните часови компаниите формирани од АД ЕСМ, како и подружницата Енергетика ќе вршат производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија.
За информации, рекламации или пријави на дефекти, потрошувачите може да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи.
За потрошувачите на ЕСМ Снабдување со топлина
Центар за грижа на потрошувачи (24/7): 02 3076 200 и 075 400 100
За потрошувачите на ЕСМ- Енергетика
Дефекти и протекување (24/7): 071 313 405 Центар за грижа на корисници (пон-петок,07.00–19.00): 02 3104 816 Рекламации за квалитет на греење (пон-петок, 07.00-19.00): 02 3104 872