„Адора“ откри детал од договорот што ЕСМ не го спомена: „Топланите ги даваме под закуп откако државата даде гаранции дека ќе ги купи“
„Адора Инженеринг“ доби цврсти гаранции дека АД ЕСМ ќе ги купи топланите Исток и Запад и ќе го плати долгот кон компанијата настанат изминатата година по основ на закуп и амортизација“, соопшти попладнево компанијата на Ванчо Чифлиганец, откако претходно државната „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ) објави дека е постигнат договор со Чифлиганец и дека државата зимава ќе ги земе топланите во Скопје под закуп од приватната компанија, за да обезбеди парно греење во главниот град.
ЕСМ во своето кусо соопштение за постигнатиот догвоор не го спомна деталот со понудените гаранции за државно преземање на топланите. Лани во септември, „Адора“ ги купи скопските топлани на јавна лицитација, за 9,3 милиони евра од презадолжената компанија БЕГ, која во меѓувреме ја загуби лиценцата за снабдување со топлинска енергија, што предизвика празнина во снабдувањето со топлинска енергија во Скопје.