Адеми: Поставувањето на плочата на српскиот четник Вук е напад врз државноста на Северна Македонија

- Во овој антидржавен проект се вклучени и Иван Стоилковиќ, како портпарол на „српскиот свет“ во владата, и ВЛЕН, како огранок на ВМРО. Ова е директен напад врз државноста и закана за евроатлантската иднина на Северна Македонија, пишува Адеми.

Во врска со поставувањето на спомен-плочата за српскиот четник Вук, реагираше и високиот претставник на Демократската унија за интеграција, Арбер Адеми, кој го опиша овој чин како директно влијание на „српскиот свет“ врз државноста и опасност за европската иднина на државата.

Целосната објава на Арбер Адеми:

Вчерашното поставување на спомен-плочата за српскиот четник Вук, парадата на паравоените структури и манифестациите на „српскиот свет“ што се совпаѓаат со Денот на независноста отворено го легитимираат влијанието на „српскиот свет“ во земјата.

Во овој антидржавен проект се вклучени и Иван Стоилковиќ, како портпарол на „српскиот свет“ во владата, и ВЛЕН, како огранок на ВМРО.

Ова е директен напад врз државноста и закана за евроатлантската иднина на Северна Македонија, пишува Адеми.