Адеми за односите со Таравари: Комуницираме, но немаме договор за заеднички настап на локалните избори

Според Адеми, нема никаков официјален договор, ниту се одржала средба меѓу лидерот на ДУИ, Али Ахмети и Таравари како лидер на едното крило на Алијанса за Албанците. На прашањето кој е каналот за комуникација за кој зборуваше Таравари, Адеми посочува дека освен пратениците и тој лично контактира со ВЛЕН.

Комуницираме со сите партии, но немаме посебни преговори со Арбен Таравари за заеднички настап на локалните избори, тврди потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1.

Според Адеми, нема никаков официјален договор, ниту се одржала средба меѓу лидерот на ДУИ, Али Ахмети и Таравари како лидер на едното крило на Алијанса за Албанците. На прашањето кој е каналот за комуникација за кој зборуваше Таравари, Адеми посочува дека освен пратениците и тој лично контактира со ВЛЕН.

„Ние како Демократска унија за интеграција секако дека имаме канали за комуникација со сите партии. Бидејќи Република Северна Македонија е мала држава, сите се познаваат меѓу себе, ние со сите сме имале некоја соработка од минатото. Сите овие политички партии биле во коалиција со Демократската унија за интеграција, а некои се и класични деривати од ДУИ.

Добар дел од нив биле дваесет, повеќе од дваесет години во нашата политичка организација, биле поранешни функционери. Само Арбен Таравари не бил дел од ДУИ, секогаш бил опонент на Демократската унија за интеграција, но сме имале соработка во минатото, не еднаш, мислам дека двапати сме биле коалициски партнери во владата“, вели Арбер Адеми, потпретседател на ДУИ.