Адеми: Загарите и орлите беа одговор на лагите на Мицкоски пред странците дека ДУИ ќе убие свој кандидат за градоначалник

„Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, му пратил порака преку човек на господинот Мицкоски да не се занимава со лажни информации, лажно известување на меѓународните центри, на нашите пријатели…“, вели потпретседателот на ДУИ (дел од НАИ) во интервју за „360 степени“.

„Kога сме кај загарите и орлите, дозволете да ви кажам дека два дена пред одржување на промотивната конвенција, претседателот Ахмети му пратил порака преку човек на господинот Мицкоски да не се занимава со лажни информации, лажно известување на меѓународните центри, на нашите пријатели, меѓународни пријатели, дека ДУИ демек стои позади пожарите што се случија летово.

-Значи, гледаме дека ништо од тоа нема. Дека ДУИ стои позади пожарите што се случија во скопско, дека ДУИ планира да ја запали џамијата во Попова Шапка. Дури до тоа одеа каде што лажно информираат и известуваат дека ДУИ подготвува и убивање на некој свој кандидат за градоначалник за да се случат после етнички тензии, немири во Република Северна Македонија, изјави потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми, (дел од НАИ) во интервјуто за „360 степени“.