Адеми: Жалам за инцидентот, такви сцени не треба да се случуваат!

„Жалам за тоа што се случи синоќа на седницата на Комисијата за европски прашања во Собранието и жалам заради сите тие сцени што се видоа испровоцирани од опозицијата. Како и да е, собраниската реформска агенда на оваа влада мора да продолжи, поради провокации да не стане нечив плен чиј фокусот е реализација на странски агенди за дестабилизација на државата, ако и дефокусирање на граѓаните и целата јавност од интеграциските процеси”.

Ова денеска за тв Клан го изјави Арбер Адеми од ДУИ кој вчера предизвика инцидент во Собранието.

Тој пред Собранието рече дека повеќе од два часа пратеници од опозицијата се обидувале да ја блокираат работата на комисијата со барања за процедурален збор и кога била исцрпена листата на пратеници се направил обид да не се усвои дневниот ред.

Оценува дека причината е законската измена на дневниот ред од сферата на правосудството која ги налутила опозициските пратеници.

„Законот за кој станува збор е со цел да се избегне блокада на судството, обвинителството и на владеењето на правото, а тоа беше попречувано. Но без оглед на тоа, ваквите сцени се грди и не се во интерес ниту на нас, ниту на граѓаните. Без оглед дали станува збор за пратеници од опозицијата или од власта, повторување на такви сцени не треба да се случат, треба заедно да ги надминеме проблемите и овие провокации, како и недоразбирањата за да обезбедиме непречено одвивање на работата на Собранието” – изјави Адеми.