Легендарниот капитен на Динамо, Аријан Адеми (31) го одигра првиот натпревар за новиот клуб Пекинг Гуан. Неговиот тим дома ремизираше со Меижу Хака (1-1).
Адеми одигра солидни 90 минути во своето деби. Очигледно ќе му треба малку време да се прилагоди на новата култура, јазик и фудбал.
Гостите поведоа со 1-0 во 19. минута со голот на Чугуји Је, а Ксиже Жанг на конечните 1-1 израмни од пенал за кој се избори Адеми.
Иако беше вклучен во нападот во официјалните формации, македонскиот репрезентативец натпреварот го одигра на својата природна позиција во средниот ред.