Адел и официјално е „најскапата пејачка“ – билетите за нејзиниот концерт достигнаа рекордна цена

Билетите за „Last minute“ за концертот на Адел достигнаа рекордна цена.

На претходните десет концерти во Минхен, таа направи вистински спектакл на кој секој ден присуствуваа по 80.000 луѓе.

Сепак, беше објавено дека Адел го има еден од најбараните концерти во Лас Вегас, како и дека го држи рекордот за најбрзо продаван албум.

Веб-страницата Gametime која продава билети за концертот „last minute“ објави дека билетите за концертот на Адел се најскапи продадени цела година, по цена од 1.011 долари.

На второто место на оваа листа е Тејлор Свифт, за чиј концерт требаше да издвоите 958 долари.

Инаку, за нејзините концерти во Минхен дури и е изградена посебна арена, а не помал интерес за оваа пејачка има и во другите градови.