Адвокат е жртвата на пукотницата на паркингот кај Мавровка, дознава „Press24“.
Според неофицијални информации, ликвидацијата се случила пред очите на неговата сопруга. Адвокатот клекнал на колена, но сепак сторителот испукал еден куршум во неговата глава.
Извори неофицијално велат дека сторителите им се познати на службите. Полицијата наводно веќе фатила еден, а по другиот сѐ уште се трага.
Убиството се случи околу 10 часот на паркингот кај Мавровка.
На терен се полициски службеници кои го обезбедуваат просторот.
Неофицијално, пукано било и врз полициски службеник по што почнала потера по сторителите.