Адвокатот Туфегџиќ по куќниот притвор на Груби повика на еднаков третман за „големиот политичар“ и „обичниот човек“

Адвокатот Владимир Туфегџиќ реагираше по синоќешниот развој на настаните поврзани со Артан Груби, оценувајќи дека случајот повторно го отвора прашањето за сензационализмот и „билдањето“ на јавниот амбиент за исход што, според него, бил извесен.

Адвокатот Владимир Туфегџиќ реагираше по синоќешниот развој на настаните поврзани со Артан Груби, оценувајќи дека случајот повторно го отвора прашањето за сензационализмот и „билдањето“ на јавниот амбиент за исход што, според него, бил извесен.

„Денешниот настан со Артан Груби прво го отвора прашањето дали како луѓе конечно ќе научиме нешто за сензационализмот, непотребното билдање и загревање на амбиентот за нешто што е извесно како бел ден дека ќе се случи и како меур спласнува на крајот на денот“, наведува Туфегџиќ.

Тој посочува дека ќе поддржи државен јавен обвинител кој ќе создаде праведен амбиент и ред што ќе важи подеднакво и за „големиот политичар во бегство“ и за „обичниот смртник кој, и да сака, нема каде да бега“.

Според адвокатот, праведен ред подразбира јавен обвинител кој нема да прави разлика меѓу политички моќници и граѓани без влијание.

„Праведен ред кој значи дека јавен обвинител не ја собира опашката брзајќи политичарот кој бил во бегство да не биде притворен, а истовремено истиот на малиот човек му покажува сила и мускули“, наведува Туфегџиќ, додавајќи дека додека не се воспостави таков принцип, надежта за суштински промени останува неизвесна.

Изјавата следува откако Кривичниот суд одреди куќен притвор за Груби, со 24-часовен надзор и одземање на патната исправа, по предлог на обвинителството и одбраната.