Адвокатот на Кајмакоски: Даниел е психички и физички добро, иако случката имаше големи последици

Откако се огласи неговата сопруга Марина, која откри дека пејачот бил под стрес, сега се огласи и адвокатот на пејачот, Бранислав Станишиќ, кој рече дека оваа ситуација имала одредени последици, како и дека полицијата работи напорно за да ги изведе осомничените пред лицето на правдата.

Откако се огласи неговата сопруга Марина, која откри дека пејачот бил под стрес, сега се огласи и адвокатот на пејачот, Бранислав Станишиќ, кој рече дека оваа ситуација имала одредени последици, како и дека полицијата работи напорно за да ги изведе осомничените пред лицето на правдата.

„Истрагата е во тек и ќе потрае некое време. Што се однесува до Даниел, тој е психички и физички добро, тоа е најважното нешто за семејството и за него сега. Оваа ситуација остави некои шокантни последици, но фала му на Бога, тој ги надминува“, изјави адвокатот за „Блиц“.

Адвокатот за медиумот посочи дека повеќе информации не може да даде се додека сторителите не бидат изведени пред суд.

„Ако ме прашувате за самиот случај, не би можеле да дадеме премногу информации додека барем осомничените за извршување на грозоморното злосторство не бидат изведени пред лицето на правдата, бидејќи потрагата по нив сè уште е во тек. Во договор со полицијата, во овој момент не можеме да дадеме повеќе детали. Ситуацијата на терен е таква што осомничените го напуштиле местото на настанот во близина на Рума. Кога велам местото на настанот, мислам на местото каде што е оставен автомобилот со запирање кај банката. Од тој момент, тие ја напуштиле локацијата и сè уште се бараат по нив.“ рече Станишиќ.

Според адвокатот станува збор за граѓани со турско потекло.

„Сега одиме во насока на потрага по лица, кои најверојатно се од турско потекло. Тоа се достапните информации засега. Тие најверојатно не се државјани на Република Србија. Зборуваа на турски јазик или нешто слично, а нивниот изглед укажуваше дека се од некоја земја од тој тип. Сега не знаеме дали се мигранти или во каков капацитет престојувале кај нас. Разговарам со Даниел постојано, реагираме на потребите на полицијата и поврзани со слични работи“.