Адвокатот Менкиноски добил десетгодишна забрана за влез во Бугарија

Бугарија му забранила влез во земјата на адвокатот Тони Менкиноски до 2036 година, со образложение дека претставувал закана за националната безбедност на Република Бугарија.

Бугарија му забранила влез во земјата на адвокатот Тони Менкиноски до 2036 година, со образложение дека претставувал закана за националната безбедност на Република Бугарија.

Менкиновски на прес-конференција изрази сомневање дека ваквата мерка е директно поврзана со неговата работа како адвокат кој ги застапува Македонците во Бугарија пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур и истакна оти обвинението е сериозно, но е донесено без конкретно образложение и без претходна правна постапка.

Забраната му била врачена на 6 март на влез во Бугарија.

– При преминување на границата, луѓето кои работеа таму не можеа никако да го поминат мојот пасош. Ме замолија да ја тргнам мојата кола на страна и притоа ми кажаа дека од Софија добиле известување со кое мора да ме задржат бидејќи треба да добијат некои документи. После половина час чекање на граница ми ги доставија овие документи, ми удрија црн печат на пасошот – вели Менкиноски.