
Адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска од Скопје излезе со став за пресудата за младиот возач Васил Јованов, кој смртно ја прегази младата дизајнерка Фросина Кулакова на пешачки премин на „Партизанска“.
Јованов доби 12 години затвор, а јавноста од вчера реагира за висината на казната. За едни е доволна, за други ниска!
– Ако некој со ладна глава и без нарцисоидност има волја (може) да прочита каква е праксата во ЕУ за казнување во сообраќајки со смртни последици, а не само да урла по судовите и кога треба и кога не треба…, напиша адвокатката Јошевска-Анастасовска и сподели дел од конкретното законско решение во некои европски земји. Практично највисоката казна по ЕУ стандарди е досудена, алудира таа.
Еве каква е европската практика за вакви дела:
„Без отежнувачки фактори (чиста небрежност): Типично е да се изречат околу 1 до 3 години затвор, со условни казни можни во некои јурисдикции за сторители на прв прекршок.
Со отежнувачки фактори (на пример возење под дејство на алкохол, прекумерна брзина, претходни прекршоци): Казните често се движат од 4 до 10 години, а затворската казна е речиси секогаш задолжителна.
Во случаи на фатален судир и бегство или возење под дејство на алкохол што предизвикува смрт, 7-12 години е сè почеста казна во построгите земји на ЕУ како Италија, Франција и Германија“.