Адвокатите на обвинетите во „Пулс“ бараат одлагање на судењето

На првото рочиште за судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, адвокатите на обвинетите побараа одложување на судењето, бидејќи имаше спојување на две обвиненија во едно, односно на главниот предмет се приклучи и подоцна обвинетиот Александар Нацев, сопственикот на агенцијата за обезбедување „Рубикон“.

Адвокатите бараа да имаат увид во сега единственото обвинение. Одложување бараше и адвокатот на Нацев кој рече дека мора да се запознае со главното обвинение, јавува Фокус.

Како втор аргумент за одложување адвокатите го наведоа и тоа што претходно Обвинителството информираше дека ги ревидирале доказите, односно од поднесената листа се извадени докази за кои сметале дека се повторуваат и се однесуваат на една иста околност, па ги повлекуваат за да не се одолговлекува постапката.

-Постапувањето на обвинителството е крајно несериозно и го доведе судот во незавидна ситуација, рече адвокатот Еленко Миланов.

Обвинителот Борче Јаневски пак образложи дека не станува зор за суштинска промена во предметот.

Се очекува одлуката на судијката Дијана Груевска Илиевска.