![](https://triling.mk/wp-content/uploads/2022/10/naroden-pravobranitel-780x470-1-750x430.png)
Владата денеска донесе одлука да го именува Агрон Речи за Државен правобранител на Република Северна Македонија, според процедурите, на предлог на министерот за правда, а по спроведен Оглас.
„Новоименуваниот Државен правобранител Речи е досегашен државен правобранител од подрачната единица на Државното правобранителство – Охрид, каде ја извршувал функцијата од ноември 2020 година. По професија е дипломиран правник, според наведеното во неговата Биографија, со долгогодишно правничко искуство во сектори за правни, кадровски и општи работи“, информираат од Владата на РСМ во соопштение испратено до медиумите.