Агенција за филм: Извештајот на ДЗР се однесува до крајот на 2024, голем дел од проблемите се надминати

Извештајот на Државниот завод за ревизија го примивме добронамерно, но навредлив е насловот „Слабости во работењето и неправилностите во Агенцијата за филм не се надминати и се повторуваат“, затоа што извештајот се однесува на финансиското работење на Агенцијата заклучно со декември 2024-та – која беше исклучително проблематична година за филмската дејност, кога се сменија четири раководни лица во Агенцијата. Голем дел од тие проблеми се веќе надминати, сега е свртена нова страница, рече в.д. директорот на Агенцијата за филм Сашко Мицевски на прес-конференција како реакција на објавениот извештај на ДЗР пред три дена.

Мицевски рече дека таквата формулација на насловот од соопштението на ДЗР, преземано и од медиумите, создала впечаток дека констатираните состојби се однесуваат и на тековното работење на Агенцијата. Посочи дека ревизорите, кои на покана од претходен директор на Агенцијата го анализирале неколку месеци нејзиното работење, направиле конечен ревизорски извештај врз основа на случајно избрани проекти и не била, рече, „темелно опфатена целата работа на Агенцијата на сите проекти“. Посочи дека начинот и критериумите како се избрани проектите не е наведен во Извештајот на ДЗР.

-Затоа мислам дека тоа не е најтранспарентно изведено. Извештајот се однесува на ревизија на неколку избрани проекти и на период заклучно со 2024 година, што не ја одразува состојбата по спроведените реформи и активности реализирани во 2025 година. Ние ги цениме укажувањата на ДЗР, кои претставуваат солидна основа за натамошно унапредување на системите и процесите. Токму на тие реформи Агенцијата активно работи уште од почетокот на 2025 година. Воспоставен е процес на целосна усогласеност на деловните книги со фактичката состојба, а во моментов се спроведува и детален попис на средствата, побарувањата и обврските, со што се обезбедува стабилно и транспарентно финансиско управување, истакна Мицевски.

По спроведувањето на пописот кој е во тек, рече, точно ќе имаат увид колкави се обврските на Агенцијата за филм кон проектите и во јануари ќе биде соопштено за сите долгови. Притоа Мицевски рече дека мисли оти има „шокантни внатрешни информации што ќе ја интересираат јавноста“.

За графиконот во соопштението на ДЗР, во кој е наведен соодносот на буџетот со обврските преземени по проекти, тој појасни дека финансиските обврски се пренесуваат во петгодишен период и рече дека во Извештајот „не е нотирано дека производството/реализацијата на филмови е на петгодишен период кој се зема од моментот на потпишување преддоговор“.

Директорот информираше и дека во 2025 година е забрзана динамиката на исплата и оти Агенцијата за филм реализирала „историски рекордна исплата“ во износ од 3.160.000 евра како финансиска поддршка за филмската дејност – кон вкупно 55 филмови и 36 фестивали.

Во однос на забелешката од ДЗР дека нема доволно кадар, тој кажа дека „тоа е многу голема болка на Агенцијата за филм“.

-Според систематизацијата, Агенцијата би требало да има 41 лице. Во 2022 имало 12 вработени и 29 ангажирани со договор на дело, а во моментов има седум вработени лица и 12 ангажирани со договор на дело. Тоа се 21 лице, што е двојно помалку од потребата од човечки ресурси потребни за Агенцијата да функционира нормално, додаде Мицевски.

ДЗР: Слабостите во работењето и неправилностите во Агенцијата за филм не се надминати и се повторуваат