Агенти на ДЕА уапсиле над 600 припадници на нарко-картелот Синалоа

ДЕА објави дека од 25 до 29 август нејзините агенти спровеле координирани акции во земјата и во странство во кои беа уапсени 617 лица, запленети беа 480 килограми фентанил, 2.209 килограми метамфетамин, 7.469 килограми кокаин, 420 парчиња огнено оружје и пари и имот во вредност од близу 13 милиони долари.

Американската Управа за борба против дрога (ДЕА) објави дека во текот на минатата недела уапсила повеќе од 600 лица во операција насочена против мексиканскиот нарко-картел Синалоа.

Во соопштението, ДЕА наведува дека апсењата „имале за цел разбивање на картелот Синалоа, еден од најнасилните и најмоќните нарко-картели во светот, одговорен за поплавување на САД со фентанил, метамфетамин, кокаин и хероин“, објави Еј-Би-Си Њуз.

ДЕА објави дека од 25 до 29 август нејзините агенти спровеле координирани акции во земјата и во странство во кои беа уапсени 617 лица, запленети беа 480 килограми фентанил, 2.209 килограми метамфетамин, 7.469 килограми кокаин, 420 парчиња огнено оружје и пари и имот во вредност од близу 13 милиони долари.

„Овие резултати ја покажуваат целосната тежина на посветеноста на ДЕА на заштитата на американскиот народ. Секој килограм запленет отров, секој долар запленет од картелот и секое апсење што го правиме претставува спасени животи и заштитени заедници. ДЕА нема да попушти сè додека картелот Синалоа не биде расклопен од горе до долу“, рече администраторот на ДЕА, Теренс Кол.

Американската администрација во февруари го означи картелот Синалоа, заедно со уште седум други групи, како странска терористичка организација.

ДЕА наведува дека картелот Синалоа останува една од најзначајните закани за јавната безбедност, јавното здравје и националната безбедност во САД.

ДЕА наведува дека „десетици илјади членови, соработници и посредници на Синалоа работат низ целиот свет, во најмалку 40 земји“.