Агелер: Со нетрпение чекам да се додадат нови имиња на црната листа

Американската амбасадорка Анџела Агелер изјави дека „црната листа“ на САД е многу динамична и дека постојано се дискутира за нови имиња. Таа нагласи дека нема конкретна временска рамка за додавање нови лица на листата, бидејќи тоа е одлука на Вашингтон.

Американската амбасадорка Анџела Агелер која учестуваше на денешната прва Конференција на Западен Балкан за борба против корупција изјави дека со нетрпение очекува нови имиња од Северна Македонија да се најдат на црната листа на САД, која се ажурира во Вашингтон кој, пак, посветно работи на идентификување на лицата инволвирани во криминал и корупција на кои Стејт Департментот потоа им го забранува влезот во САД.

– Црната листа на САД е многу динамична, постојано се дискутира за имиња. Немам временска рамка, бидејќи тоа е одлука на Вашингтон, но, ве верувам дека додека зборуваме има имиња кои се земени предвид и секогаш сме отворени кон додавање нови лица на листата, рече амбасадорката.

Во однос на прашањето за препораките на Државната комисија за спречување на корупција за назначувањето на членовите на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители, таа порача да се почитуваат.

„Немам конкретни детали, но ќе нагласам дека е важно овие коментари и препораки да бидат внимателно разгледани на начин на којшто јавноста ќе добие одговори на прашањата“, посочи Агелер.