Агелер: САД секогаш ќе стојат покрај Северна Македонија
Во пораката објавена од Амбасадата на САД во Северна Македонија, амбасадорката Анџела Агелер потсетува дека во Скопје пристигнала како десетта амбасадорка на САД и од самиот почеток имала силна верба во „силата и храброста на народот на Северна Македонија“, која со текот на времето била повеќепати потврдена.

Агелер истакнува дека за време на нејзиниот мандат биле направени конкретни чекори во повеќе области, вклучувајќи економски раст и енергетска независност, судски реформи и борба против корупцијата и организираниот криминал, образование, култура и евроатлантска интеграција, како и модернизација на безбедносните капацитети и стратешки инфраструктурни проекти кои ја зајакнуваат регионалната безбедност и трговијата.
Во изминатите три години, нашето партнерство прерасна во вистинско пријателство“, пишува Агелер, нагласувајќи ги средбите со граѓаните низ целата земја, отворените разговори и споделените надежи, визии и предизвици. На крајот од пораката, амбасадорката порачува дека Соединетите Американски Држави „секогаш ќе стојат покрај Северна Македонија“ во остварувањето на визијата за посилна, побезбедна и целосно интегрирана евроатлантска држава.
„Ова е вашата земја и секој од вас заслужува таа да биде онаква каква што ја сонувате“, заклучува Агелер, оставајќи порака за надеж, храброст и сила.