Амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер верува дека е јасна и важна пораката на американскиот сенатор Крис Марфи дека тешките одлуки за напредување во евро-атлантските интеграции треба да се направат до крајот на годинава.
Агелер, која денеска е во Кавадарци на отворениот ден организиран во рамките на вежбата „Брз одговор 23“ каде се прикажани дел од возилата, вооружувањето и опремата што ќе се користи на оваа вежба, прашана за коментар за изјавата на сенаторот Марфи, рече дека според неа тој бил навистина јасен во неговата изјава.
„Сметам дека неговата порака е важна, дека доколку тешките одлуки за напредување во евро-атлантските интеграции не се направат до крајот на годинава, сигурно ќе има луѓе во САД, во Белата куќа, во Капитол кои ќе се прашуваат колкава е посветеноста на вашата земја во однос на евроатланските интеграции и европскиот пат. Затоа нема потреба од толкување на неговата изјава, верувам дека беше многу јасен“ – одговори Агелер.