Работите за автопатот Кичево-Охрид се при крај, а почнаа пред речиси една деценија. Експропријациите и девијациите на трасата беа само дел од причините за доцнењето на овој проект, изјави во Клик плус министерот за транспорт Благој Бочварски.
Според него, автопатот треба да биде готов кон крајот на 2023 година.
Бочварски и сто така рече дека доколку работите почнат навреме и компанија Бехтел започне со работа, следните 5 години ќе биде готов Коридорот 8 и ќе имаме автопат од Скопје до Ќафасан.
Но дали некој ќе понесе одговорност за одолговлекувањето на работите за автопатот Кичево-Охрид, за направените грешки? Бочварски рече дека со тоа треба да се занимаваат надлежните институции. Според договорот, вкупната сума за автопатот Кичево-Охрид изнесува 598 милиони евра.